25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали AMG A35 е подобар од Audi RS3, Golf GTI, Focus RS?...

Дали AMG A35 е подобар од Audi RS3, Golf GTI, Focus RS? (видео)

„Mercedes“ во септмвриго претстави најмалиот „AMG“ проект хот-хечбекот „A35“ кој ќе се натпреварува на пазарот со владетелите во оваа класа – „Volkswagen Golf GTI“ и „Ford Focus RS“.

Иако споредбата помеѓу „Mercedes“ и „Volkswagen“ е малку чудна, двата модели се хечбек автомобили со погон на сите четири тркала и 2.0-литарски турбобензински четирицилиндарски агрегати.

Додека „Golf R“ развива 310 KS  400 Nm вртежен момент, а забрзува од место до 100 km/h зa 4,6 секунди, „A35“ поседува 306 KS и исто така 400 Nm, тој забрзува за 4,7 секунди со ограничена максимална брзина од 250 km/h.

Првите впечатоци на тестовите се дека „џебната ракета“ на „Mercedes“ е „компактна, остра и брза како молња“, поседува огромна моќ, а како вистински премиум производител го прави „Audi RS3“ како моментално застарен модел.

Пофален е и подобрениот систем за погон на сите четири тркала, управливоста и квалитето на возењето, со заклучок дека „A35“ е попривлечен од „A45“.

Почетната цена на овој автомобил е 47.528,60 eвра во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП