20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК сака да го користи еврото како стратешка алатка 

ЕК сака да го користи еврото како стратешка алатка 

Што ќе се случи ако еврото, кое ја прослави својата дваесетгодишнина, го прифаќа статусот на втората најважна глобална валута?

Оваа идеја ќе биде дискутирана од страна на Европскиот совет следната недела, објави „Euractiv“.

Гледајќи ги статистиките, економистите од европската извршна власт откриле дека единствената валута била користена од 60 земји низ целиот свет. Покрај тоа, таа е втора најзначајна валута и како резервна валута и кога станува збор за меѓународни плаќања.

И во двата случаи таа сè уште останува во сенката на американскиот долар.

„Ние не сакаме да го замениме доларот, но имаме избор меѓу двете валути“, рече претставник на Европската комисија. Аргументите за еврото, исто така, се однесуваат на нејзината стабилност.

Во текот на последните 20 години, еврото се покажа како постабилна валута од доларот, што е предмет на поголеми флуктуации.

Ова е прв пат Европската унија да ја разгледа својата валута како стратешка алатка, а не како обичен инструмент за олеснување на функционирањето на нејзината единствена економија.

Во својата изјава за статусот на блокот, Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, ја истакна потребата валутата да има водечка улога на меѓународната сцена.

Франција силно ја поддржува оваа идеја. Со оглед на трговскиот дефицит на земјата, Французите не се двоумат да ја поддржат идејата за силна валута за да се спречи оваа нерамнотежа.

ЕК планира да побара од државите да го разгледаат воведувањето на еврото во нивните меѓувладини договори поврзани со енергетиката.

Енергетскиот сектор, чиј увоз на гориво во блокот е околу 300 милијарди евра годишно, е силно изложен на флуктуациите на доларот, што го претвора во ризичен фактор.

Довербата во еврото се заснова на износот на ликвидност што ја нуди оваа валута.

Оваа иницијатива, најверојатно, нема да се реализира на краток рок, туку ќе ја одразува вистинската загриженост за доминантната позиција на доларот и ризикот што се крие во сегашната ситуација за ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП