Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Кои се најголемите политички ризици за светската економија во 2019-та?

Време: 10:18

Датум: декември 6, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Аналитичарите на агенцијата „Bloomberg“ ги дефинираат светската трговска војна, „Brexit“ и цените на нафтата како основни ризици кои можат да влијаат на растот на светската економија во 2019-та година.

Според анкетата објавена од агенцијата, експертите посветуваат посебно внимание на односите меѓу САД и Кина. Лидерите на двете земји се согласија на почетокот на декември за прекин на „огнот во војната“. Кинескиот претседател Си Џинпин и американскиот претседател Доналд Трамп детално разговараа за новата ситуација во кинеско-американските односи.

Двете земји ќе треба да постигнат заемно разбирање за вакви клучни проблеми кои се поврзани како „камен на сопнување“, пред развојот на билатералните контакти, како поголем пристап до пазарот, заштита на интелектуалната сопственост, отстранување на ограничувањата за извоз на нови технологии, сајбер безбедноста и борбата со интернет-криминалот. Ако ситуацијата не биде решена во текот на следните три месеци, Вашингтон вети дека ќе ги подигне значително од 10 отсто царините на широк спектар на кинески стоки на 25 отсто.

Ако САД воведат царини на сите увозни стоки од Кина, кинескиот бруто домашен производ (БДП) ќе изгуби 1,5 процентни поени во 2019-та година, а како целина растот на економијата ќе се намали до 5 проценти, иако суштински мерките како одговор кои ќе ги преземе Кина, ќе го ублажи ударот, истакнаа експерти од „Bloomberg“.

Меѓу наведените ризици е ситуацијата во Италија. На крајот од октомври, Европската комисија побара од Рим да го прилагоди својот нацрт-буџет за 2019-та година. Во јуни, ЕК и препорача на Италија да го намали својот буџетски дефицит за 0,6 отсто од БДП-то во 2018-та година. Во нацрт-буџетот презентиран во октомври, Италија постави зголемување од 0,8-0,9 проценти за да ги зголеми своите социјални програми. Сепак, италијанската влада го остави непроменет проектираниот дефицит за 2019-та година, намалувајќи ги само некои од показателите во проектот.

Според аналитичарите на „Bloomberg“, ризикот од „Brexit“ за глобалната економија е следната година. На крајот на ноември лидерите на ЕУ се согласија со Британија за „Brexit“ и политичка декларација за идните односи со Лондон. За да стапи на сила, овој договор мора да биде одобрен од страна на Европскиот парламент и британските законодавци. „Brexit“ е закажан за 29-ти март 2019-та година, по што, според планот, треба да има преоден период до крајот на 2020-та година.

Според експертите на „Bloomberg“, ако постои т.н. „hard Brexit“, Велика Британија ја напушти ЕУ без договор, па растот на економијата на Велика Британија ќе биде за 7 отсто помал до 2030-та година, во споредба со растот што земјата ќе го има ако остане во ЕУ. Ако има договор за „Brexit“ кој вклучува членство на Лондон во европската царинска унија, се очекува британскиот БДП да биде со 3 проценти понизок до 2030-та година, отколку ако земјата го задржи членството.

Меѓу останатите ризици за светската економија во 2019-та година експертите на „Bloomberg“ ја посочуваат цената на нафтата, како и претстојните избори во голем број земји во текот на следната година. По прашањето за нафтата клучен фактор претставуваат односите меѓу САД и Иран, како и активностите за намалување на нафтената екстракција на земјите од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и на земјите производители на нафта, кои се надвор од картелот, но се дел од формата „ОПЕК +“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Повисоките владини трошоци и помогнаа на Германија да избегне рецесија

    Повисоките владини трошоци и помогнаа на Германија да избегне рецесија

    Повисоките владини трошоци и помогнаа на Германија да избегне рецесија во четвртиот квартал од 2018-та година, откако извозот не успеа да ја зголеми економијата, објави…

  • Со помош од Шведска ќе се подобруваат условите во битолската болница

    Со помош од Шведска ќе се подобруваат условите во битолската болница

    Делегација од Шведска, предводена од професорот на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм Нелсон Сомерфелд, ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката, Наташа…

  • Тевдовски: Продолжува праксата на редовен и неселективен поврат на ДДВ

    Тевдовски: Продолжува праксата на редовен и неселективен поврат на ДДВ

    Во јануари фирмите добија 2,2 милијарди денари поврат на данок за додадена вредност или 35,7 милиони евра. Ова е за 315 милиони денари или 16,8…

  • Драги: ЕУ го брани суверенитетот во глобализираниот свет

    Драги: ЕУ го брани суверенитетот во глобализираниот свет

    Гувернерот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги ја заштити Европската унија, велејќи дека тој обезбедува начин на земјите да го бранат суверенитетот во се…

  • ЕУ очекува трговски договор со САД до крајот на годината

    ЕУ очекува трговски договор со САД до крајот на годината

    Европскиот комесар за трговијата Сесилија Малмстром изјави дека евентуалнит трансатлантски трговски договор може да биде постигнат пред крајот на годината. Таа исто така истакна дека…

  • Франција и Германија имаат заеднички предлог за буџетот на еврозоната

    Франција и Германија имаат заеднички предлог за буџетот на еврозоната

    Франција и Германија договориле детален предлог за буџетот на еврозоната, кој треба да го охрабри растот, да се зајакне конкурентноста и да ја намали разликата…

  • Облачно со повремени врнежи од снег, на места и силен ветер до 80 км на час

    Облачно со повремени врнежи од снег, на места и силен ветер до 80 км на час

    Времето во Македонија е облачно со повремени врнежи од снег, претежно со слаб, а во западните и јужните делови на места со умерен интензитет. Дува…

  • Германија забележа рекорден буџетски вишок петта година по ред

    Германија забележа рекорден буџетски вишок петта година по ред

    И покрај големиот број проблематични сигнали за состојбата на најголемата европска економија, германската влада забележа рекорден буџетски суфицит од 58 милијарди евра (65,8 милијарди долари)…

  • Бабоски: Исплатени 16 милиони евра субвенции за сточарство

    Бабоски: Исплатени 16 милиони евра субвенции за сточарство

    Шестнаесет милиони евра за субвенции исплатени се за одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки. Изминатите денови заедно со исплатата на средствата за…

  • ЕУ бара 3,8 милиони нови работници, само во Германија повеќе од милион

    ЕУ бара 3,8 милиони нови работници, само во Германија повеќе од милион

    Европската Унија бара три милиони и 800 илјади работници, најмногу медицински лица, експерти и квалификувани работници од металната индустрија, како и лица на сферата на…