16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Жолти елеци“: Предоцна е донесена одлуката за откажување од зголемувањето на данокот

„Жолти елеци“: Предоцна е донесена одлуката за откажување од зголемувањето на данокот

Француските демонстранти синоќа ја поздравија одлуката на претседателот Емануел Макрон за откажување од зголемувањето на данкот на горивото, кое беше планирано за следната година, но велат дека можеби тоа нема да биде доволно за да се смири гневот во јавноста.

„Мислам дека одлуката е донесена предоцна“ рекла за АП портпаролката на „жолти елеци“, Жаклин Муро.

Француската влада ја повлече одлуката за зголемување на данокот на горивото за 2019 година, кое претходно беше суспендирано на шест месеци, соопшти синоќа францускиот премиер Едуар Филип.

Тој на пратениците во парламентот им рече дека од зголемувањето на данокот сега се откажува во буџетот за 2019 година и порача дека владата е подготвена за дијалог, пренесе АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП