Времето денеска ќе биде сончево и претпладне постудено со мала локална облачност, само во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 4 до 12 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер, со температура до 7 степени.
До сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро. Под влијание на нов влажен бран од сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад. Потоа поради спуштање на постуден воздух од север, од недела на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, а на пониските места од дожд и снег.