6 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија се соочува со рецесија

Италија се соочува со рецесија

Популистичка влада во Италија е исправена пред нов проблем во позадина на зголемениот ризик земјата да западне во прва рецесија во последните 5 години, пишува „Bloomberg“.

Економијата на Италија изненадувачки се намалува во последните три месеци до септември и истражувањата покажа дека тоа може да се покаже како постојана тенденција. Производствениот раст во земјата е намален со најбрзото темпо за последните 5 години во ноември, а компаниите од секторот на услугите одбележуваат 5-месечен пад на извозот, според податоците на „IHS Markit“ објавени оваа недела.

„Показателите од ноември ја продолжуваат негативната тенденција за кварталот“, посочи Амритпал Вирдее, економист во „IHS Markit“. „Сите тие укажуваат на рецесија што се приближува во земјата“, додава тој.

Тоа всушност би значело уште еден удар за владејачката коалиција во Италија, чии буџет за 2019-та година беше отфрлен од страна на Европската комисија поради предвидениот прекумерен висок дефицит во него. И додека владата сметаше дека Нацрт-буџетот би донел бројни потребни стимулации за економијата, тоа ја заобиколува несигурноста во земјата и погрешните економски показатели зборуваат за токму спротивното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП