29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрак би можел да биде следниот што ќе го напушти ОПЕК?

Ирак би можел да биде следниот што ќе го напушти ОПЕК?

Ако некоја земја реши да ги следи стапките на Катар и да ја прекине соработката со Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК), тоа ќе биде Ирак, вели Мајкл Коен, шеф за истражување на енергетските пазари во банката „Баркли“.

„Мислам дека во однос на сите земји од ОПЕК, во последните шест до осум месеци се истакнува Ирак”, изјави Коен за Си-ен-би-си, додавајќи дека Ирак често не е во согласност со целите, па ако ограничувањата се беа премногу строги, Ирак може да почувствува дека во најдобар интерес му е да не биде член на организацијата.

Ирак е вториот по големина производител на нафта во ОПЕК по Саудиска Арабија. Повеќе од 90 отсто од приходите на земјата доаѓаат од нафтата, вели Меѓународната агенција за енергија.

Ирак во октомври испумпуваше рекордни 4,76 милиони барели дневно, вели поранешниот ирачки министер за нафта. Неговото зголемено производство како и повеќегодишните прекумерни изпумпувања од Либија придонесоа оваа есен за кулуминација во глобалното производство во 2018 година. Цитирајќи ги посетите на саудискиот министер за енергија Калид ал-Фалих во Багдад во последните два месеци, Коен рече:

„Ние не сме во тек со природата на овие разговори, но очигледно постои голема загриженост во однос на она што го вели Ирак.”

Медиумите објавија дека Ал-Фалих се состанал со своите ирачки колеги и со премиерот на земјата, Адел Абдул-Махди, за да разговара за зголемена соработка во областа на електричната енергија.

Неодамна назначениот ирачки министер за нафта, Тамир Гадбан, изјави кон крајот на октомври дека зголемениот извоз на нафта е главен приоритет за земјата со 38 милиони луѓе. Ирачката национална компанија „Басра оил” планира да го зголеми производството од 3,2 милиони барели на ден на 5 милиони барели во следните седум години.

Ирачките официјални лица проценуваат дека им требаат 100 милијарди долари за да ги обноват домовите и инфраструктурата по неколкугодишна војна и санкции. Нафтата ќе остане критична за финансирањето на реконструкцијата, велат експертите, истакнувајќи дека тоа значи дека Багдад има поттик да ги задржи своите славини пуштени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП