19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПисмото на Ајнштајн за "Господ Бог" на аукција се продаде за 2,9...

Писмото на Ајнштајн за “Господ Бог” на аукција се продаде за 2,9 милиони долари

Писмото од 1954 година во кое Алберт Ајнштајн го отфрли зборот Бог како “производ на човечката слабост” и во кој зборува за неговиот еврејски идентитет, беше продадено на аукција за речиси 2,9 милиони долари, објави портпаролот на аукциската куќа Кристис.

Во своето писмо упатено до германско-еврејскиот филозоф Ерик Гуткин, Ајнштајн дава сосема искрено мислење во поглед на религијата, нарекувајќи ја Библијата “збирка од благородни, но сепак примитивни легенди”.

“Зборот Бог за мене не е ништо друго освен израз и производ на човечката слабост”, напишал физичарот една година пред неговата смрт.

Цената постигната на аукцијата во Њујорк, која беше завршена за четири минути, беше многу повисока од проценката на куќата Кристис, која се движеше околу 1,5 милиони долари, објави Index.hr.

Ајнштајн го напишал писмото додека живеел во Принстон, Њу Џерси, како одговор на книгата на Готкинд во 1952 година во која пишувал за еврејството, Израел и модерната ера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП