30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите градат мост над Панамскиот Канал вреден 1,4 милијарда долари

Кинезите градат мост над Панамскиот Канал вреден 1,4 милијарда долари

Владата на Панама му додели на кинески конзорциум договор вреден 1,4 милијарда долари за изградба на мост над Панамскиот Канал, ден по посетата на кинескиот претседател Cи Џјинпинг.

Овој проект е дел од напорите на Кина да го прошири своето политичко и економско влијание во Латинска Америка.

Конзорциумот „Панама куарто пуенте“, кој се состои од две кинески компании, ќе дизајнира и изгради мост над Панамскиот Канал.

Ова ќе биде еден од најголемите градежни проекти во историјата на Панама, објави АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП