29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla како никогаш досега

Tesla како никогаш досега

Американскиот произоводител успеа во една календарска година да продаде во САД преку 100.000 примероци од своето најевтино електрично возило – „Model 3“, резултат до кој ниту еден автомобил на струја не е дури ни блиску.

Во првите 11 месеци од 2018-та во САД се продадени 114.472 примероци од „Model 3“, со што овој автомобил според продажбата ги остави далеку зад себе најблиските конкуренти

Само во ноември на купувачите во САД им се испорачани 18.650 возила.

Колкав е напредокот во процесот на производство на „Model 3“ е направен за само една година покажува и податокот дека во ноември 2017-та се испорачани само 337 примероци од овој автомобил.

Инаку, претходниот „електричен рекордер“ според продажбата во една година беше „Nissan Leaf“ – oвој модел во 2014-та го купиле 30.200 Американци. „Model 3“ речиси за четири пати го надмина овој резулат, а до крајот на годината остана уште еден месец и се очекува резултатот да биде уште подобар.

„Tesla“ во својата понуда има и две, поскапи возила – „Model S“ и „Model X“. Во ноември на купувачите во САД им се испорачани 2.750 примероци од „Model S“ и 3.200 единици од „Model X“, додека „Tesla“ во првите 11 месеци вкупно има продадено речиси 160.000 eлектрични автомобили („Model 3“, „S“ и „X“).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП