9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордна година за српскиот туризам, приливи близу 1,3 милијарди евра

Рекордна година за српскиот туризам, приливи близу 1,3 милијарди евра

“Оваа година беше рекордна за туризмот во Србија, а ние се приближуваме до 1,3 милијарди евра девизни приливи од странски туристи и гости кои ја посетија Србија”, изјави министерот за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ.

“Забележан е раст на бројот на гости за 11 отсто и зголемување на приливите на девизи за 12 отсто”, вели министерот Љајиќ за ТВ Пинк.

Тој наведе дека истражувањето покажало дека 44 отсто од туристите велат дека се најмногу изненадени од културното и историското наследство на Србија, а потоа и од гостопримливоста, гастрономијата, проводот…

За 25 проценти имаме подобри резултати, капацитети се полни речиси 90 проценти, рече Љајиќ.

Како пример го наведе Копаоник, каде што оваа сезона ќе биде новитет, односно ќе се осветлат скијачките патеки и ќе има организиран ски-превоз на патеките …

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП