20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрви обвиненија во скандалот „Панамски документи“ во САД

Први обвиненија во скандалот „Панамски документи“ во САД

Американското федералното биро подигнало обвинение против четири лица, обвинети за вмешаност во меѓународната проневера, позната како „Панамски документи“.

Ова се први обвиненија покренати во САД за овој скандал, а во нив во 11 точки се наведени обвиненија за измама, избегнување данок, перење пари и заговор.

Обвинети се двајца германски државјани, еден Американец и еден државјанин на Панама.

Како што пренесува Ројтерс, тројца од нив се веќе уапсени. Харалд Јоахим фон дер Голц, кој бил клиент на панамаската адвокатска куќа „Мосак Фонсека“ е уапсен во понеделникот во Лондон, Дирк Брауер, службеник во компанијата која била врзана за таа адвокатска куќа, уапсен е во Париз на 15 ноември, а Ричард Гефи, сметководител со седиште во САД, бил уапсен вчера во државата Масачусетс.

Обвинителството наведува дека адвокатската куќа „Мосак Фонсека“ стои зад заговорот за заобиколување на американските даночни закони.

Таа шема на измами траела со децении и опфаќала лажни фондации и компании во Панама, Хонгконг и на Британските Девствени острови, за да се скријат сметките од американската даночна служба.

Четвртиот обвинет, Рамсес Овенс, кој бил правник во „Мосак Фонсека“, се уште е на слобода.

Најсериозните точки во обвинението носат можност за затворска казна од 20 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП