20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Атина – Повеќе од три четвртини од средствата обезбедени од меѓународниот план за спас на Грција се потрошени за банките и богатите инвеститори, покажува истражувањето на меѓународното антиглобалистичко движење Атак, објави весникот „Катимерини“. Од вкупно 207 милијарди евра обезбедени од странските кредитори за спасувачкиот пакет за Грција, 160 милијарди евра завршиле кај банките и инвестоторите. – Политичката елита не се обидува да го спаси грчкиот народ, туку финансискиот сектор, изјави Лиса Митендрајн, претставничка на движењето.

Атина – Филијала на германската железничка компанија „Дојче бан“ е обвинета дека плаќала поткупи за да добие договори за изградби во Грција во последните десет години, објави весникот „Катимерини“. Според обвинител од Франкфурт кој ја истражувал корупцијата во државната железница на Германија, „Дојче бан Интернешенел“ давал поткупи за да си обезбеди договори за време на изградбата на железничката линија до атинскиот меѓдународен аеродром. Обвинителот распрашал 37 службеници на компанијата за врски со поткупите, кои стигаат до сума од 315 000 евра.

Белград – Белградскиот веник „Данас“, повикувајќи се на неофицијални извори, тврди дека најголмата партија во владината колаиција во Србија, Српската напредна партија (СНС) планира од сегашното Министерство за финансии и економија, со кое раководи Млаѓан Динкиќ, да го одвои економскиот сектор во нов ресор за економија и индустрија, за чиј раководел како можни министри се посочуваат Миленко Ѓелетовиќ, Милка Форцан и Војин Димитријевиќ. Според веникот, новото министерство би се формирало или со реконструкција на Владата или по евентуалните избори што би можеле да бидат распишани наскоро.

Загреб – Хрватскиот министер за труд и пензиски систем Мирандо Мршиќ најави укинување на редовното пријавување во бирото за вработување и на групните советувања за невработените, со цел дел од капацитетите на националниот завод да се ослободат за спроведување на мерки за вработување на младите. Мршиќ ги претстави мерките на кои Хрватска наскоро ќе се приклучи во спроведување на европските гаранции за младите и најави дека за таа цел во Хрватскиот завод за вработување ќе се формира основа и посебно одделение. Стапката на неварботеност меѓу младите од 15 до 24 години изнесува 19,3 отсто, а во групата до 29 години дури 33,61 проценти.

Букурешт – Романската автомобилска индустрија „Дачија“ забележа раст на продажбата во Европа и покрај регистрараниот вкупен пад на пласманот на нови автомобили на европскиот пазар. Минатиот месец, споредено со мај 2012 година, продажбата на „Дачија“ на европскиот пазар забележала раст од 16 отсто, додека остантите гоелми автоиндустрии, како „Фолскваген“, „Пежо“, „Ситорен“, „Рено“ и Бе-Ем-Ве имале пад меѓу 2,8 и 13 проценти. Во периодот јануари-мај 2013, продажбата на „Дачија“ е зголемена за 17,5 отсто на годишно ниво.

Никозија – Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис упати остри критик на сметка на условите на европскиот спасувачки план, што во март и беше наметнат на неговата земја. Во писмо, испратено минатата недела до шефовите на еврозоната, Анастасијадис ги излага своите видувања и оценува дека неправедно постапиле кон островската држава. Кипарскиот конзервативен претседател посочува дека намалувањето на банкарските депозити, што е мерка без преседан во еврозоната, била наметната врз најголемите сметки во двете главни банки на островот без внимателна подготовка.

Брисел – Се повеќе деца во Европската унија се под закана за сиромаштија и укинување социјални грижи заради економската криза, се вели во извештај на агенција на ЕУ за заштита на човекови права. – Сиромаштијата на децата е се повеќе алармантно прашање во ЕУ, се нагласува во годишниот извештај на Европската агенција за основни човекови права. Тие наведуваат дека во минатата година државите-членки на Унијата биле принудени да намалат буџетски расходи што предизвикало сериозни последици за децата во областа на образованието, здравството и социјалните грижи.

Берлин – На познатата германска енциклопедија „Брокхаус“ и се заканува исчезнување, што не ги изненадува експертите кои и порано предвидуваа крај на печатените енциклопедиски изданија. Енциклопедија е голем лексикон за кој многу Германци знаат уште од своето детството и која со своите 30 томови и 300.000 поими зазема многу место на полиците во германските домови.

Њујорк – Компанијата „Фејсбук“ на својот сајт објави дека нејзината социјална мрежа има „над еден милион активни огласувачи“. Дан Леви, еден од шефовите на „Фејсбук“ одговорен за маркетингот на компанијата, им изрази благодарноста на сите овие компании кои се активни огласувачи. – Вие го избравте „Фејсбук“ како партнер за да ја зголемувате вашата дејност. Ја користиме можноста да работиме со вас, напиша Леви на интернет страницата на „Фејсбук“.

Вашингтон – Американски и кубански претсавници во Вашингтон одржуваат преговори за повторно воспоставување на директниот поштенски сообраќај меѓу САД и Куба, кој е суспендиран пред 50 години. Претставници на поштите на двете земји водат технички разговори, со цел да се срави крај на прекинот на директниот поштенски сообраќај меѓу САД и Куба. Двете земји од 1963 година немаат директен поштенски сервис, туку писмата патуваат преку трети држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП