22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврогрупата усвои план против перењето пари

Еврогрупата усвои план против перењето пари

Министрите за финансии на ЕУ усвоија план за зајакнување на заштитните способности на блокот против перењето на пари во банките, иако одлуката може да ја забави законодавната реформа на банкарската супервизија, пренесоа агенциите.

Планот има за цел да даде одговор на неодамнешните случаи на перење пари во банки во неколку европски земји како Данска, Естонија, Латвија, Луксембург, Малта, Шпанија, Холандија, Велика Британија и Кипар.

Министрите се согласија дека има потреба „ефикасноста на сегашната рамка да биде засилена“ со цел борба против перењето пари и предложија некои активности кои треба да се преземат во следните месеци.

Меѓу нив се идентификување на факторите кои придонеле за неодамнешните случаи на перењето пари во банки во ЕУ, набљудување на ризиците во врска со перењето пари и финансирањето на тероризмот меѓу најдобрите практики за нивното отстранување, приближување на надзорот и други.

Планот не вклучува препораки за законодавни промени, ниту повик кон Европската централна банка (ЕЦБ) да создаде паневропска агенција за борба против перењето пари.

Планот може да ја одложи реформата на банкарската супервизија против перењето на пари, која Европската комисија ја предложи во септември, бидејќи министрите сакаат прво да добијат пристап до најновите случаи на финансиски криминал во европски банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП