29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремено згрижените добиваат можност за трајно домување и вработување

Времено згрижените добиваат можност за трајно домување и вработување

Владата на седница ја разгледа и усвои информацијата за реализираните активности за времено згрижените лица и создадените можности за самостојно домување на истите.

Како што информираат од владината прес-служба, до Агенцијата за вработување на Република Македонија е укажано во соработка со Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, активно да се вклучи во активностите за поддршка и вклучување на корисниците во соодветни активни мерки за вработување и изготвување на индивидуални планови за вработување, најдоцна до март следната година.

Во врска со ова прашање Владата го задолжи и Министерството за труд и социјална политика во октомври 2019 година да достави информација за реализираните активности за времено згрижените лица и создадените можности за самостојно домување на истите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП