28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКапело ќе седне на клупата на ПСЖ

Капело ќе седне на клупата на ПСЖ

capello

Францускиот шампион ПСЖ веќе го претстави Фабио Капело за нов тренер на екипата. Според информациите неговиот договор ќе биде на една година.

Причината за толку краткиот договор е затоа што од летото 2014-та година на чело на тимот ќе застане Арсен Венгер. Се најавува дека менаџерот на Арсенал потпишал преддоговор со „светците“.

ПСЖ ќе и плати 3 милиони евра на руската фудбалска федерација за да биде ослободен Капело, кој е селектор на „Зборнаја“. Италијанецот ќе се врати на работата на клубско ниво по шестгодишен прекин во кој водеше национални тимови.

Тимот од Париз ќе ја продолжи италијанската доминација на тренерската позиција. Досега на чело на тимот беше Карло Анчелоти кој го одведе тимот до шампионската титула.

Искусниот стратег во иднина ќе го води Реал Мадрид, откако парижаните се согласија да го пуштат на „Сантијаго Бернабеу“.

Капело е избран во сериозната конкуренција на Андре Вилаш Боаш, Гус Хидинк и Михаел Лаудруп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП