23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОва се четири магични прашања важни за вашата кариера

Ова се четири магични прашања важни за вашата кариера

Луѓето кои систематски се занимаваат со себе и ги развиваат своите кариери, знаеме дека понекогаш, навидум и наједноставниот совет може да резултира со големи промени во животот и бизнисот и да не доведат до целта по која тежнееме.

Не сме сигурни дека следните четири прашања можат да бидат вашиот билет за високо-брзински воз до целта, но сигурни сме дека можат да ви помогнат многу на тој пат, особено ако ги сфатите сериозно.

1. Дали постои некоја основна вештина која од почетокот ја игнорирам?

Без разлика на тоа со што се бавите во моментов, ако сте прескокнале некој чекор во образованието и развојот на кариерата, ќе ве стигне тоа кога тогаш. По дипломирањето, можете да добиете работа како асистент на факлутет и да ги цитирате најголемите светски умови, но доколку не сте го испекле занаетот како да се продадете, ќе се најдете во ситуација во која ќе зажалите за тоа.

Поука: тргнете од стартната позиција во својата работа и не се жалете на тоа дека некој син на директор без грам искуство и за неколку дена станал вршител на должноста директор за продажба во државно претпријатие, бидејќи порано или подоцна тоа ќе го стигне, и во тој случај, и вработените во таа компанија.

2. Дали постои нешто што треба да престанам да го правам?

Супер! Започнавте од почетната позиција и градите солидна основа за својата огромна кула наречена кариера. Но, постојат ли некои работи што може да ви помогнат на тој пат а во моментов не го прават тоа?

Дали сте сигурни?

Погледнете во вашата секојдневна рутина, и таму е одговорот. Само погледнете во вашата дневна рутина и во рутината на вашите пријатели и сè ќе ви биде јасно. Ако сте како повеќето луѓе, веројатно правите еден куп работи кои не само што не се корисни, туку се исто така контрапродуктивни. За некои луѓе тоа се само игри. Други поминуваат неколку часа само на сурфање, за на крајот да не знаат што пребарувале, некои со часови и часови гледаат телевизија …

Замислете си колкава експлозија на продуктивност ќе добиете кога ќе ги лимитирате работите, кои во најмала рака не придонесуваат за вашиот просперитет и напредок на вашата кариера.

3. Дали на моите основни вештини им е потребна надоградба?

Честитки! Ако дојдете до оваа фаза веќе сте направиле повеќе од половината од луѓето што некогаш  ќе го направат, и сте на добар пат кон успехот!

Сега е време да ги испитате вашите основни вештини и да ги идентификувате недостатоците. На пример, ако работите продажба, можеби сте одлични во поставување на вистински прашања и решавање на одредени проблеми, но имате тенденција да ја промашите работата кога треба да ја завршите работата. Ако е така, сте го идентификувале вашиот проблем и сега сте на половина пат кон негово решавање.

4. Кои дополнителни вештини ќе ми донесат најголем успех?

Одлично! Изградивте голема база, ги расчистивте работите кои ве одвлекуваат од патот кон успехот и ги надоградивте знаењата кои ви недостигаа. Сега е време да блеснете како ѕвезда! Еве како.

Погледнете наназад и ќе ја видите големата слика на вашата кариера. Од таа перспектива идентификувајте ги вештините и навиките кои сте ги промениле по патот. Навистина изгледа импресивно. Ако сте успеале во тоа и сте совршени во областа со која се занимавате, што ве спречува да го проширите опсегот на своите активности? Ако сте многу креативни и иновативни, и сте го совладале инженерингот, значи ви оди од рака, и што ќе се случи ако ја совладате уметноста на продажбата? Или, ако сте добри во продажбата, што ќе се случи ако ја совладате вештината на сметководството?

Ќе имате огромни ресурси во својата рака, а себеси ќе си овозможите удобен живот за каков што сте се бореле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП