Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,953.32 -0.36%    BESK 7,864.14 -3.73%    ERMT 197.00 0%    GRNT 898.32 0.37%    KMB 5,432.66 0.4%    MPT 63,052.61 0.54%    OKTA 4,750.00 0.42%    RZIT 20.00 0%    RZUG 12.00 0%    SBT 2,592.06 9.02%    STB 1,196.43 0.83%    STBP 790.00 -16.75%    STIL 103.00 0%    TETE 2,424.27 4.72%    TNB 16,388.19 -2.45%    TTK 1,455.99 -2.93%    UNI 2,250.00 0%    ZPKO 1,851.00 2.83%    

Над 90 трудови на студентската конференција за енергетска ефикасност

Време: 13:55

Датум: декември 4, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Повеќе од 90 студенти со свои научни трудови учествуваат на шестата Студентска Конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕОР), која се одржува на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

„Сметаме дека е од исклучителна важност да се организира настан чија што целна група се студентите кои како академски граѓани ќе имаат водечки улоги во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и одржливиот развој, актуелни полиња со непроценливи можности. Самата конференција има научен и едукативен карактер со што студентите ги продлабочуваат своите знаења во областите од нивен интерес и тоа, соработувајќи со најдобрите стручни лица во соодветните теми на фокус“, потенцира Ангела Најдоска, претседател на Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој (СКЕЕОР).

Професорката Маргарита Гиновска, координатор на Конференцијата, истакна дека меѓу студентите има учесници од Колумбија, Словенија, Израел, Србија и Бугарија со свои научни трудови и повеќе од 10 пленарни предавања на реномирани професори и претставници на компании.

„Навистина сум неизмерно задоволна од она што студентите успеваат да го постигнат од научен и организациски аспект. Особена среќа ми претставува тоа што сите овие години имаме одлична соработка и успеваме да организираме сé поуспешна конференција за која што има сé поголем интерес. Имаме навистина солидни студенти со огромен потенцијал, кои со моја помош, успеваат да го канализираат преку еден ваков уникатен настан. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи уште многу години!“, потенцира Гиновска.

Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, во својот говор истакна низа активности кои ги презема Факултетот за енергетска ефикасност и одржлив развој.
„Пред неколку години ја реновиравме фасадата во енергетски ефикасна фасада, сега работиме на реновирање на внатрешната фасада. Инсталиравме систем за мониторирање на потрошувачката на електрична енергија. Исто така, на ФЕИТ во функција се две фотоволатаични централи со вкупна моќност од 22 KW а планираме да инсталираме уште 28 KW. Континурано се менуваат светилките со ефикасни светилки, поставуваме сензори за движење по ходници и водиме сметка за селекција на отпад“, рече Ташковски.

Студентската конференција ја организираат студентите на ФЕИТ, под покровителство на Факултетот и на Град Скопје. Студентите ги поздрави професор Љубица Јанчева, претседател на Совет на Град Скопје.

„Да се пронајде нешто корисно – ’енергетската ефикасност’, потоа да се искористи во склад со природата и да се донесе во релација со одржливиот развој, веројатно е големо научно-истражувачко задоволство. Но, за актуелизирањето на релацијата потребни сте секогаш и Вие, почитувани претставници од академско научната заедница, но и Вие, студенти, кои како млади истражувачи со вашите креативни идеи, ќе партиципирате и во актуелизирање и во одржување на релација и тоа во локалните одредници, но и пошироко“, вели Јанчева.

Основната идеја на конференцијата е да се разменуваат идеи и мислења меѓу студентите, професорите и претставниците од енергетските компании со што се прави чекор напред кон решавање на дел од проблемите од областа на енергетска ефикасност и одржливиот развој, како две светски актуелни прашања на кои интензивно се работи и во Македонија.

Прв пат годинава, во рамки на конференцијата, ќе се одржи хакатон во проосториите на ИНОФЕИТ посветен на развивање на идеите на студентите во насока на остварување на успешни бизнис модели и планови, во соработка со професори, директори од влијателни компании и личности од бизнис секторот. Целта е да се поттикнат студентите да ги насочат своите идеи и активности кон суштинска импементација и развивање на иновативни бизниси.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Америка не се откажува, сака да отвори конзулат на Гренланд

    Америка не се откажува, сака да отвори конзулат на Гренланд

    Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да отвори американски конзулат на Гренланд, во услови на растечки стратешки и економски интерес на данската територија. Во…

  • Берба и откуп на споредни шумски плодови – макотрпна, но исплатлива сезонска работа

    Берба и откуп на споредни шумски плодови – макотрпна, но исплатлива сезонска работа

    Сезоната на зреење боровинки, малини, капини, како и останати споредни шумски плодови е во полн ек, а голем број граѓани со години летото го минуваат…

  • Претпладне сончево, попладне можен пороен дожд

    Претпладне сончево, попладне можен пороен дожд

    Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северните…

  • IFO: Брегзит без договор најтешко би ја погодил Ирска, некои земји ќе профитираат

    IFO: Брегзит без договор најтешко би ја погодил Ирска, некои земји ќе профитираат

    Брегзит без договор најтешко ќе ја погоди ирската економија, покажуваат резултатите на истражувањето на германскиот институт IFO. Нивото на економски напредок, во случај на таканаречениот…

  • Анализа: сите македонски министри за финансии – кој сè досега ги чуваше државните пари?

    Анализа: сите македонски министри за финансии – кој сè досега ги чуваше државните пари?

    Премиерот ја предлага основачката на Grouper, Нина Ангеловска, за министерка за финансии. Таа има 30 години, но сепак не е најмладиот кој би седнал во…

  • Нотарската комора потпиша договор за меѓународна соработка со германските нотари

    Нотарската комора потпиша договор за меѓународна соработка со германските нотари

    Договор за меѓународна соработка денеска во Берлин потпишаа Нотарската комора на Република Северна Македонија и Федералната комора на нотарите на Германија. Целта на потпишувањето на…

  • Биткоинот е поефикасен за плаќање данок од банкарските картички

    Биткоинот е поефикасен за плаќање данок од банкарските картички

    Евн Кун, ко-основачот на крипто берзата Coinberry со седиште во Торонто, тврди дека биткоинот (BTC) е поефикасен за плаќање данок од банкарските картички. Како што објави…

  • Лидерите на најразвиените земји на Г7 самитот во Франција за глобалната економија

    Лидерите на најразвиените земји на Г7 самитот во Франција за глобалната економија

    Претседателот на САД, Доналд Трамп и другите лидери на најразвиените земји во светот ќе го отворат годинешниот самит на групата седум (Г7) во Бијариц, Франција,…

  • Лозарите од Тиквешијата од денес на протест за реални откупни цени на грозјето

    Лозарите од Тиквешијата од денес на протест за реални откупни цени на грозјето

    Незадоволни од винарските визби лозарите од Тиквешијата одлучија од денес да излезат на протести. Регионалното здружение „Напредни лозари“ од Кавадарци протестот го закажа за вечер…

  • Во јуни 86,4 проценти од потрошената струја од домашно производство

    Во јуни 86,4 проценти од потрошената струја од домашно производство

    Струјата произведена во домашните капацитетите во јуни годинава учествува со 86,4 проценти во вкупната потрошувачка на електрична енергија, објави денеска Државниот завод за статистика. Во…