ПочетнаЗДРАВЈЕПоправете го лошото расположение со овие намирници

Поправете го лошото расположение со овие намирници

Имате лош ден? Откријте кои намирници можат да ви ја вратат насмевката на лицето…

Јагоди, портокали, манго

Витаминот Ц го зајакнува имунитетот но и го поправа лошото расположение. Овој силен антиоксидант се покажа како одлично оружје во борбата против депресијата, слободните радикали и при поправање на организмот кој бил изложен на стрес.

Лешници и семки од тиква

Овие намирници се богати со омега 3 масни киселини, кои веќе се докажано и проверено средство за зголемување на нивото на расположението и чувството на задоволство.

Целер

Грицкањето целер го елиминира стресот и ги отпушта крвните артерии. Истражувањата покажаа дека целерот содржи хемикалии кои ја намалуваат концентрацијата на хормонот на стрес во крвта.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП