20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLego планира значително зголемување на производството

Lego планира значително зголемување на производството

lego3

Данскиот производител на легендарните коцки „Lego“ денес објави дека планира да ги зголеми производствените капацитети во Чешка за 30 проценти до 2015 година, благодарение на зголемената побарувачка во регионот.

Фабриката во Кладно до 2015 година би требало да создаде 800 нови работни места, во прилог на сегашните 1.200, зависно од идната побарувачка, се наведува во соопштението на данската компанија.

„Одлуката за проширување на нашата фабрика во Чешка е резултат на континуираниот раст и се темели на нашите очекувања за идниот раст во Европа и во остатокот од светот’, нагласи во соопштението Карстен Расмусен.

Вредноста за планираната инвестиција не е наведена, со напомена дека станува збор за голем проект кој ќе биде двоцифрен износ во милиони евра.

Фабриката во Кладно во изминатите години неколку пати беше проширена. Последното проширување беше завршено во септември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП