2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврогрупата донесе одлука за реформа на еврозоната

Еврогрупата донесе одлука за реформа на еврозоната

Министрите за финансии на ЕУ се договорија за чекори за зајакнување на еврозоната во „битка“ со идните финансиски кризи, така што склучија договор по продолжените преговори во текот на целата ноќ во Брисел.

Министрите во Брисел подготвија реформскиот пакет рано во вторникот наутро во разговори, окарактеризирани од пречки, долгите спорови и преиспитувања, чија цел е да ги задоволи конечно барањата на Париз, Рим, Берлин и Хаг, пишува „Financial Times“.

Конечниот договор вклучува мерки за снабдување на банкарската унија на еврозоната со поголема финансиска поддршка и за обезбедување на спасувачкиот фонд – Европскиот механизам за стабилност, со дополнителна флексибилност во однос на тоа како тој може да им помогне на земјите да ги надминат пазарните превирања.

Договорот беше подготвуван во текот на повеќе од 15 часа, а министрите имаа краен рок одреден од лидерите на ЕУ, во кој требаше да се подготви политички план, за да биде подготвен за Самитот кој ќе се одржи во белгиската престолнина следната недела. Иако поголемиот дел од главната работа беше завршена една недела пред средбата, дипломати изјавија дека преговорите во текот на ноќта биле попречени од голем број на барања на министрите и од спорови за точната формулација на различните планови за реформи.

Реформата во еврозоната е испровоцирана од политичката агенда на ЕУ во последните месеци, бидејќи владите во рамките на валутниот блок се подложени на притисок врз ограничувањата и обврските кои произлегуваат од членството во единствената валутна зона.

Брисел побара напредок пред изборите за Европскиот парламент следната година, а Европската централна банка предупреди за потребата од отстранување на недостатоците во инструметите за борба со кризата во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП