28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот по една година - "easy come, easy go"

Биткоинот по една година – “easy come, easy go”

Како дојде, така и си отиде. Минатогодишниот раст на биткоинот беше популарна тема за време на божиќните празници. Потоа почна да паѓа …

Во декември минатата година, Биткоинот чинеше 19.000 долари, сега се тргува за околу 4.000 долари. Денес Биткоинот и другите криптовалути се соочуваат со егзистенцијална криза.

Што ако веќе никој не сака да тргува со дигиталните валути?

Рударите на криптовалути ги фрлија на страна своите машини.

Биткоинот изгуби 78 отсто од почетокот на годината. Рипл изгуби уште повеќе. И Етереум и Биткоин кеш паднаа за повеќе од 90 проценти.

Пред една година Биткоинот беше главната тема – луѓето ентузијастички гледаа како скока до 20.000 долари.

И банките започнаа да работат на воведувањето на блокчејн технологијата, а на развој на трансфер на пари во блокчејн системот работеа и многу старт-апови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП