20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Жолтите елеци“ победија, француската Влада се откажува од повисоки даноци за горивата

„Жолтите елеци“ победија, француската Влада се откажува од повисоки даноци за горивата

Француската влада ќе го суспендира порастот на данокот на гориво, што доведе до неколку недели насилни протести во земјата, објавија локалните медиуми.

Протестите ги погодија големите француски градови, предизвикувајќи значителна штета во изминатите три викенди.

Премиерот Едуард Филип бараше компромис со демонстрантите, но тие ги прекинаа разговорите наведувајќи смртни закани од екстремистите во нивните редови.

Тројца луѓе загинаа откако започнаа насилните протести и како резултат на насилството и вандализмот, разнесена беше Триумфалната капија.

“Жолтите елеци” се нарекуваат затоа што на улиците носат жолта облека со висока видливост која треба да се носи во секое возило според францускиот закон.

Движењето се зголеми преку социјалните медиуми и има поддржувачи низ целиот политички спектар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП