7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе вложи уште половина милијарда евра во загадените градови

Германија ќе вложи уште половина милијарда евра во загадените градови

Германската влада ќе издвои дополнителни половина милијарда евра за подобрување на квалитетот на воздухот во градовите што се загадени од автомобилските горива, соопшти германската канцеларка Ангела Меркел.

Сегашниот фонд од милијарда евра ќе биде зголемен на 1,5 милијарда евра.

Меркел ги објави информациите по состанокот во Берлин со претставниците на градовите и населбите.

„Целта на овие разговори беше да се избегне воведување дополнителни забрани за старите дизел-возила во урбаните подрачја, каде што е регистрирано големо загадување“, пренесе ДПА.

Дебатата за квалитетот на воздухот во германските градови е иницирана по скандалот во 2015 година кога компанијата „Фолксваген“ призна дека во своите возила вградила нелегален софтвер што ја прикрива вистинската емисија на штетните гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП