21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на британското производство падна до ниво од пред 27 месеци

Растот на британското производство падна до ниво од пред 27 месеци

Растот на производството во Велика Британија забележа пад во ноември до минимумот од пред 27 месеци, бидејќи новите нарачки растат, а компаниите ги зголемуваат резервите за да се заштитат од ризиците поврзани со „Brexit“, соопштува „Bloomberg“.

Индексот „PMI“ на менаџерите по нарачки во индустријата на агенција „IHS Markit“ порасна од 51,1 поени во октомври до 53,1 поени во ноември, надминувајќи ги очекувањата на економистите за ниво од 51,7 поени. Сепак, „IHS Markit“ забележува дека растот останува слаб и новите извозни нарачки се намалуваат веќе втор месец по ред.

„Внатрешниот пазар беше главниот извор на нови договори во ноември, а активноста се должи на пуштањето на нови производи и складирањата од страна на некои клиенти“, посочуваат уште од агенција „IHS Markit“.

Производителите забележуваат дека ги зголемуваат своите резерви за да ја зголемат својата заштита од „Brexit“ и можните проблеми во синџирот на снабдување.

Договорите за извоз го забележуваат својот прв пад од почетокот на 2016-та година, а како причина за тоа од компаниите посочуваат за намалениот интерес и несигурноста околу излегувањето на земјата од Европската унија. Оптимизмот меѓу компаниите падна до нивото од пред 27 месеци, бидејќи „Brexit“, стравувањата поврзани со девизниот курс, и забавувањето на економијата покажуваат негативен ефект врз довербата.

Во оваа недела се очекуваат податоци за индексот на менаџерите по нарачки на агенција „IHS Markit“ за доминантниот сектор на услугите и градежништвото. Индикаторите за деловна активност се најновите клучни фигури пред Централната банка на Велика Британија да ја објави својата следна одлука за монетарната политика.

Мајкл Саундерс од Комисијата за монетарната политика на централната банка минатиот месец изјави дека може да се наметне каматните стапки да бидат зголемени со побрзо темпо, отколку што се предвидува во моментов од пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП