7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWWF: За 45 години убивме 60 отсто од дивиот свет на Земјата

WWF: За 45 години убивме 60 отсто од дивиот свет на Земјата

Луѓето на планета опстојуваат повеќе од 2 милиони години. Но, во последните 44 години ние го постигнавме она што не сме го сториле за сите останати години: масовно уништување на дивиот свет. Помеѓу 1970 и 2014 година, Земјата изгуби речиси 60% од своите цицачи, птици, риби, влекачи и водоземци, речиси сето тоа поради човечката активност. Стапката со која Земјата го губи биодиверзитетот е споредлива само со масовните уништувања. Ова и другите наоди се објавени од страна на World Wildlife Fund(WWF) во својот извештај – “Living Planet Report 2018”, поттикнувачки потсетник за опаѓањето на “здравјето” на планетата.

Објавуван од WWF на секои две години, извештајот ја документира состојбата на планетата во однос на биодиверзитетот, екосистемите, побарувачката за природни ресурси и влијанието врз природата и дивиот свет. Оваа година резултатите се уште по поразителни од кога и да е:

  • 20% од Амазон исчезнаа за само 50 години
  • На глобално ниво, шумите се намалиле за 92 милиони хектари помеѓу 2000 и 2013 година
  • Од сите видови кои исчезнале од 1500 година, 75% биле истребени од прекумерната експлоатација или земјоделството
  • Оксидирањето на океанот појави стапка што не е видена најмалку 300 милиони години. Се проценува дека Земјата изгубила 50% од своите плитки водни корали во последните 30 години
  • Луѓето се одговорни за ослободување на 100 милијарди тони јаглерод во Земјиниот систем на секои 10 години. Во април 2018 година, нивото на јаглерод диоксид во атмосферата достигна просек од 410 делови на милион (ppm) во текот на целиот месец – највисоко ниво во последните 800.000 години
  • Само 25% од земјиштето на Земјата е суштински ослободено од влијанието на човековите активности. Се предвидува да се намали на само 10% до 2050 година

Во извештајот се наведува дека со оглед на тоа што нашата зависност од природни резерви продолжува да расте, јасно е дека природата не е само “убава работа”, туку е императив за нашиот опстанок.

Глобален договор за природата и луѓето

WWF заедно со колеги научници ширум светот, повикуваат на нов глобален договор помеѓу природата и луѓето, вклучувајќи ги носителите на одлуки на секое ниво да го направат вистинскиот политички, финансиски и потрошувачки избор. WWF соработува со конзорциум од речиси 40 универзитети и организации со цел да ја започне истражувачката иницијатива за обединување на најдобриот начин за спасување на планетата.

Во извештајот се вели дека најголемиот предизвик – и најголема можност – лежи во менување на нашиот пристап кон развојот и да запамтиме дека заштитата на природата помага да се заштитат луѓето.

“Денес, ние сеуште имаме избор. Ние можеме да бидеме основачи на едно глобално движење кое ќе го промени нашето поврзување со планетата. Или ќе бидеме генерација која имаше шанса и не успеа да дејствува. Изборот е наш”, вели Марко Ламбертини, генерален директор на WWF International.

Прочитајте го целосниот извештај тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП