2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија штеди со отпуштање на војници

Велика Британија штеди со отпуштање на војници

Prince Harry

Британија отпушти повеќе од 4.400 војници во рамките на третиот круг на намалување на воените сили, обидувајќи се да се справи со буџетскиот дефицит.

Тие војници, од кои 84 проценти се пријавиле за доброволно заминување, беа лично информирани од нивните команданти, се наведува во соопштението на министерството, пренесува агенцијата Франс Прес.

Со отпуштањето на 4.480 војници, британските воени сили ќе бидат намалени на помеѓу 89.000 и 90.000, соопшти портпаролката на министерството.

Последниот, односно четвртиот круг на отпуштање на војници би требало да доведе до намалување на воените сили на целните 82.000 до 2018 година.

Со ваквиот начин, Велика Британија се обидува да воведе нови рестриктивни мерки, со цел да го намали својот буџетски дефицит, од Министерството информираат дека бројот на воени сили по намалувањето ќе биде задоволителен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП