19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги укинува царинските давачки за автомобили увезени од САД

Кина ги укинува царинските давачки за автомобили увезени од САД

Кина ќе ги намали и укине царинските давачки за американските автомобили, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој ова го изјави еден ден откако со кинескиот претседател Кси Џинпинг се согласија на примирје за трговска војна меѓу САД и Кина во работната вечера на маргините на самитот на Г20 во Буенос Аирес.

– Кина се согласи да ги намали и укине царинските давачки за возила што пристигнуваат во Кина од САД. Во моментов, овие царини се 40 проценти, напиша на Твитер шефот на САД.

Претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Кси Џинпинг постигнаа договор во Буенос Аирес за прекин на најавените царински тарифи на САД за кинеските стоки во вредност од 200 милијарди долари.

Царината е суспендирана 90 дена, а двете земји веднаш ќе започнат преговори за структурни промени.

Интелектуална сопственост, сајбер кражби и други американски приоритети, ќе биде дел од договорот, се вели во соопштението на Белата куќа, откако беше постигнат договор.

Казнени царини за одредени кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари требаше да се зголемат од 10 на 25 проценти од 1 јануари, а Трамп размислувапе и за воведување на такви давачки и за некои други кинески производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП