13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветската банка ќе инвестира 200 милијарди долари во климатски проекти

Светската банка ќе инвестира 200 милијарди долари во климатски проекти

Светската банка денеска соопшти дека ќе одвои околу 200 милијарди долари во периодот 2021-2025-та година за финансирање на помош за земјите во развој за борба со климатските промени, пренесува „AFP“, цитирана од светските агенции. Ова е двојно повеќе во споредба со претходниот петгодишен период.

Најавата беше направена веднаш по почетокот на 24-тата Конференција на Обединетите нации за климатски промени во Полска (COP24). Ова е важен знак за меѓународната заедница да го стори истото, се вели во соопштението на банката.

Развиените земји се обврзани да ги зголемат финансиите до 100 милијарди долари до 2020-та година преку владино и приватно финансирање на климатската политика на земјите во развој. Но дури паричните текови да се зголемат, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), смета дека земјите од Југот сакаат појасни обврски на земјите од Северот.

Објавената сума од 200 милијарди долари денеска ќе вклучи 100 милијарди долари директно финансирани од Светската банка.

„Треба да се бориме со причините (за затоплувањето на климата), но исто така и да се прилагодиме кон последиците кои обично се најмногу драматични за најсиромашните во светот“, изјави главниот извршен директор на Светската банка, Кристалина Георгиева.

Според тие последици, од кои се особено ранливи земјите во развој, се зголемуваат нивото на морето, поплавите, сушата, додава агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП