2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар ја напушта ОПЕК на почетокот на 2019-та

Катар ја напушта ОПЕК на почетокот на 2019-та

Катар ги објави плановите за напуштање на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), неколку дена пред клучниот состанок оваа недела помеѓу земјите од влијателниот нафтен картел и неговите сојузници.

Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Каби на денешната прес-конференција изјави дека земјата ќе се повлече од ОПЕК на 1-ви јануари 2019-та година.

Одлуката доаѓа откако земјата ги разгледа начините на кои може да ја подобри својата позиција на глобално ниво.

Министерот за енергија на земјата рече дека овој потег е „техничка и стратешка“ промена и не е политички мотивиран, објави „Ројтерс“.

Катар е членка на ОПЕК веќе 57 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП