4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ8: Борба против даночното затајување

Г8: Борба против даночното затајување

danochnozatajuvanje1

Лидерите на Г8 повикаа на низа мерки за борба против даночното затајување и зголемување на прекуграничната размена на информации за финансиите.

„Даночните власти во целиот свет би требало автоматски да разменуваат информации за доброто на борбата против затајувањето данок“, се наведува во соопштението на Г8, пренесува Франс Прес.

„Земјите мора да ги изменат законите кои им овозможуваат на компаниите својот профит да го префрлат преку граница за да го избегнат плаќањето даноци, а мултинационалните компании мора да ги пријавуваат кај даночните власти местата во кои плаќаат данок“, се додава во соопштението.

Велика Британија, како домаќин на дводневниот самит на Г8, се залага не само за борбата против даночното затајување, туку и за решавање на проблемот со избегнување на плаќањето данок од страна на големите мултинационални компании како „Google“, „Amazon“ и „Starbucks“, кои даночните обврзници ги чинат повеќе милијарди загубени приходи.

Оваа декларација, која следеше по вчерашните разговори за финансиската политика, повикува на поголема транспарентност во врска со корпоративната сопственост.

„Компаниите мора да знаат во чија реална сопственост се, а законодавците мора да бидат во состојба до овие информации да доаѓаат на едноставен начин“, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП