2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија на Србија и Словачка им врати долг од времето на СССР

Русија на Србија и Словачка им врати долг од времето на СССР

rusija6

Русија го отплати долгот кон Србија и Словачка во висина од 2 милијарди долари кој е направен во време на Советскиот Сојуз, соопшти руското Министерство за финансии.

Долгот кон Словачка изнесуваше 1,7 милијарди долари, а долгот кон Србија изнесуваше 288,8 милиони долари.

Целиот долг, кој датира уште од времето кога постоеа Чехословачка и Југославија, е вратен најголем дел во стока, а еден дел во пари, пренесува агенцијата Франс Прес.

Руското министерство наведе дека до крајот на година ќе ги исплати и преостанатите долгови кон Финска, Чешка и Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП