19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија сака да го блокира тргувањето со швајцарски акции на берзите во...

Швајцарија сака да го блокира тргувањето со швајцарски акции на берзите во ЕУ

Швајцарската влада најави планови да забрани трговијата со швајцарски акции на берзите во ЕУ од јануари во позадината на заострениот конфликт меѓу Брисел и Цирих, пренесоа агенциите.

Иритирани од недостатокот на напредок во новата билатерална спогодба, Брисел рече дека од 31-ви декември ќе го повлече признавањето на швајцарските берзански одредби кои дозволуваат на инвеститори од ЕУ да тргуваат во Швајцарија.

Како одговор на тоа, швајцарската влада во јуни рече дека може да го забрани тргувањето со швајцарски акции во ЕУ. Околу 30 отсто од обемот на Швајцарската берза е сега на други платформи.

Швајцарскиот министер за финансии Ули Маурер рече дека ако не се реагира, берзанската трговија може да се сруши со 70-80 проценти.

Наредбата, претставена вчера, да се активира планот, освен ако Европската комисија не ги признае швајцарските берзански прописи од почетокот на идната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП