18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКариерата може да ја уништите со прекумерна работа

Кариерата може да ја уништите со прекумерна работа

Дали знаете дека унапредувањето на работното место е начин на кој фирмата сака да ви каже: „Веруваме во вашиот потенцијал и вредноста како работник и се надеваме дека ќе го остварите својот полн потенцијал и ќе допринесете за подобрување на компанијата“.

Но, пред да го добиете унапредувањето и повисоката плата, потребно е да се случат неколку работи:

1. Мора да ја знаете својата вредност и како можете да допринесете во фирмата.

2. Мора да бидете самоуверени и да ги знаете своите можности и како ќе успеете да го завршите својот дел од работата.

3. Мора да изградите свој круг на пријатели и соработници, како и луѓе кои позитивно влијаат на вас.

4. Додека ги правите претходните три работи, мора да им испратите на шефовите суптилна порака дека нема веќе да бидете тука ,ако не ви надоместат на соодветен начин за целиот труд и работа.

Но, мора да обрнете внимание да не работите премногу и да живеете само за работата. Тоа е дефинитивно најлошиот совет кој некој може да ви го даде за напредување на работното место.

Премногу работа може да има контра ефект

Прекумерната работа нема никаков ефект во унапредувањето, дури може и да ви ги намали шансите да дојдете до тоа. Ако немате доволно самодоверба и не знаете што заслужувате, може и цел ден да останете на работа и никој тоа нема да го забележи.

Оние кои напредуваат во кариерата и добиваат бонуси не работат и дење и ноќе. Наместо тоа, тие имаат свој разработен систем. Тие учат како функционира компанијата и го шират кругот на познанства. Создаваат слика за тоа дека тие и се потребни на компанијата.

Покажете дека сте вредни, но не „горете“ за работата

Ако сте вреден и лојален работник, а сепак се чувствувате заробено и под притисок на работното место, вашиот менаџмент нема да биде импресиониран што се преморувате од работа. Тие дури и ќе се загрижат.

Вие во нивните очи станувате повеќе обврска отколку предност, бидејќи со тоа покажувате дека не можете да го постигнете своето темпо на работа и не давате пример на личност на која може да и се доверат дополнителни нови и понапредни одговорности. Ако премногу работите испраќате погрешна порака и го саботирате вашиот труд.

Престанете да мислите дека е потребно да се чувствувате преморено за да бидете унапредени, бидејќи луѓето кои добиваат унапредување не чувствуваат притисок, бидејки така никогаш нема да го уверат менаџментот да им ја подари довербата за новата задача.

Добро проценете што вреди за вашиот труд

Кога ќе добиете порив да работите многу и тоа по цели ноќи, застанете и размислете за својата работа и за тоа колку тој труд ќе има ефект врз менаџментот. Запрашајте се што тој труд може да ви донесе, а што ќе се случи ако не се потрудите толку. Бидете паметни и одбирајте ги приоритетите, бидејќи само така во фирмата ќе забележат дека се трудите за важните работи. Нормално, понекогаш мора да се потрудите за да постигнете се, да останете подоцна, да одговарате на меилови и да немате слободен викенд. Но, внимателно одбирајте кога и за што ќе го правите тоа.

Не заборавајте, ќе се примети како посветувате внимание на она што е важно за фирмата, затоа потрудете се добро да процените кога е потребно да се преморите од работа, а кога не. Пробајте да го примените ова во својата кариера и сигурно многу нешта ќе постигнете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП