27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAT&T планира да продаде средства за да го намали својот долг

AT&T планира да продаде средства за да го намали својот долг

Американскиот телекомуникациски оператор „АТ&T“ соопшти дека сака да го намали големиот долг следната година преку низа мерки, вклучувајќи ќе ревидирање на сите свои неосновни средства, како уделот во видео стриминг компанијата „Hulu“, за потенцијална продажба, пренесува „Ројтерс“.

Вториот по големина телеком во САД по бројот на претплатници изјави за време на состанокот со аналитичарите во Њујорк дека ќе исплати меѓу 18 и 20 милијарди долари од долгот до крајот на 2019-та година и ќе генерира до 8 милијарди долари во готово, како дел од продажбата на дел од нејзините средства.

Акциите на „AT&T“, кои ја зголемија својата вредност со 1% за време на берзанската трговија во четвртокот, од почетокот на годината забележале пад од 21 проценти на цената. Причината за тоа се грижите на инвеститорите за нејзиниот голем долг, кој достигна 183 милијарди долари до 30-ти септември – по аквизицијата на „Time Warner“.

Компанијата објави дека очекува нејзиниот слободен готовински тек за 2019-та година да биде 26 милијарди долари над просечната прогноза на аналитичарите за 24,84 милијарди долари, покажуваат податоците на „Refinitiv“.

„AT&T“ очекува коригираната нејзина заработка по акција за 2019-та година да порасне за едноцифрена стапка, додека аналитичарите предвидуваат раст од 1,7%.

Компанијата даде и детали за новиот стриминг конкурент на „Netflix“, кој се очекува да биде пуштен до крајот на 2019-та година од „Warner Media“.

Новиот производ ќе нуди три опции – пакет, фокусиран на филмовите со премиум услуга со оригинална содржина и најскап пакет, кој ќе вклучува лиценцирана содржина од други добавувачи.

„AT&T“ тврди дека се надева дека ќе привлече доволно претплатници, па да се справи со тековниот пад на бројот на корисници на нејзината компанија за сателитската телевизија „DirecTV“. Телекомот очекува пад на бројот на видео претплатници и во 2019-та година со темпото што го видовме во третиот квартал од 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП