29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-AMG повторно го обнови GT (фото+видео)

Mercedes-AMG повторно го обнови GT (фото+видео)

Семејството на спортски автомобили „AMG GT“ беше надградено минатата година кога решетката на ладилникот беше сменета, моќноста на моторот се зголеми и беа додадени нови опции. Сега компанијата претстави ново дотерување, а премиерата се случи на саемот во Лос Анџелес. Има и нова верзија на моделот.

Техничките иновации на автомобилот речиси недостасуваат, при што компанијата специфицира дека суспензијата е променета и аеродинамиката е подобрена. Моќноста на битурбо V8 моторот со зафатнина од 4,0 литри останува иста и кај четирите верзии – основата „GT“ е со 476 КС, „GT S“ има 522 КС, „GT C“ е со 557 КС и „GT R“ има 585 КС.

На изглед купето и роудстерот можат да се препознаат по фаровите со „V“-обликувни „LED“-елементи и поделените на два дела цевки на издувниот систем (сега тие се ризлични при секоја модификација).

Промените во кабината се повеќе, па аналогните инструменти се заменети од екран со дијагонала од 12,3 инчи, а екранот на мултимедијалниот систем е поголем – 10,25 инчи. Поставен е нов волан со „Touchpad“ на гранките, а копчињата на конзолата се правоаголни, наместо округли.

Медиумскиот комплекс (добро познатиот „Comand“) сега може да се нарача со „AMG Track Pace tuning“, кој собира податоци кога возилото е на патека. Постои дополнителна функција на „AMG Dynamics“ која ја регулира „ESP“ интервенцијата во зависност од избраниот режим („Basic“, „Advanced“, „Pro“ и „Master“).

Во гамата на моделот, исто така, има екстремна модификација „Mercedes-AMG GT R Pro“. Таа користи технички решенија од „GT3“ и „GT4“ тркачките модели. Кабината има прилагодливи амортизери, цврстина што може да се промени во реално време и промени во поставките на шасијата.

Верзијата „GT R Pro“ ќе биде ограничена, но ова не важи за другите модификации. Купето и роудстерот ќе се појават на пазарот во текот на пролетта, додека инженерите на „AMG“ работат на уште екстремна верзија „Black Series“ чии тестови ќе стартуваат во текот на летото на 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП