20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПротест на „Жолти елеци” и во Брисел

Протест на „Жолти елеци” и во Брисел

Десетици демонстранти загрижени поради високите даноци и трошоците за живот, предизвикаа хаос во сообраќајот во главниот град на Белгија, каде што исто така се зајакнува т.н. движење „Жолти елеци“.

Движењето „Жолти елеци“ во изминативе две недели стана доста актуелно во медиумите откако властите на Франција решија да ги зголемат цените на бензините.

Демонстрантите, облечени во жолти елеци, токму како што се нарекува и движењето, ги блокираа градските улици, но на некои возила повремено им дозволуваа да поминат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП