22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСловенечките банки со загуба во првите четири месеци

Словенечките банки со загуба во првите четири месеци

banki

Словенечките банки во првите четири месеци од оваа година остварија загуба во висина од  41.5 милиони евра пред оданочување, според новиот извештај за работењето на банките кој во вторникот го потврди словенечката централна банка.

Квалитетот на кредитното портфолио на словенечките банки повторно е во мал пад, па од таа причина банките за резервации и отписи морале да издвојат половина од својот бруто приход.

Нефункционалните кредити, односно побарувањата чие плаќање е одложено повеќе од три месеци, во април оваа година беше 15,2 отсто, што претставува зголемување во споредба со март, кога беше 14,6 проценти.

Билансната сума на банките се намали за 450 милиони евра, или 8,5 отсто на годишна основа, а исто така продолжуваат да се намалуваат кредитните активности во банките.

Тоа, во поглед на централните банки, првенствено се должи на намалувањето на депозитите на небанкарскиот сектор и намаленото штедење на домаќинствата предизвикано од мерките за штедење, зголемувањето на невработеноста и намалувањето на реалните приходи на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП