19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри причини кои стојат меѓу вас и успехот!

Три причини кои стојат меѓу вас и успехот!

Луѓето можат да имаат главна улога во унапредувањето на нашата кариера или нејзиното ненадејно запирање.

Нашите колеги, надредените и клинетите се личности кои имаат влијание врз нашата позиција на работа, можноста за напредување или покачување на платата.

Научете повеќе за трите причини од кои може да се забави или спречи вашиот успех во бизнисот.

Емоционална зараза

Ако на работа носите негативни емоции, големи се шансите дека вашите колеги нема да бидат позитивни, нема да имаат разбирање за вас и нема да бидат подготвени да ви помогнат. Контролирањето на вашето расположение на работа може да биде клучна компонента во постигнувањето на успехот. Бидете позитивни и отворени – така луѓето ќе сакаат да соработуваат со вас.

Борба или бегство

Ако приметите дека вашиот колега почнал да се лути, дека очите му се насолзиле и дека не сака да продолжи да комуницира со вас, пронајдете начин мирно да го завршите разговорот. За таа тема поразговарајте друг пат. Тоа и на двајцата ќе ви овозможи да се смирите и да ја надминете моменталната емоционална реакција и да се вратите на продуктивното и рационално размислување.

Невролошко гасење

Во студијата објавена во „Ivey Business Journal“ е утврдено дека мозокот буквално ја исклучува клучната област кога сме во контакт со луѓето со кои сме во лоши односи. Кога сме принудени да работиме со тие поединци, обично ја губиме мотивацијата, се одалечуваме од нив и не го даваме сиот наш потенцијал во таквата соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП