20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на HP ги надмина очекувањата поради бизнисот со компјутери

Резултатите на HP ги надмина очекувањата поради бизнисот со компјутери

Тримесечните приходи на „HP“ ги надмина очекувањата на аналитичарите за четвртиот фискален квартал благодарение на растот на бизнисот со персонални системи, кој продава лаптопи и десктоп компјутери, како и благодарение на аквизицијата на бизнисот со печатачи на „Samsung“, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на „HP“, која го управува хардвер бизнис на поранешната „Hewlett-Packard“, ја зголемија сосема малку вредноста за време на берзанската трговија.

Бизнисот со персонални системи, кој носи околу 60% вкупните приходи на „HP“, бележи 11 проценти раст на приходите за четвртиот квартал на годишна основа до 10,06 милијарди долари. Сумата се покажа над очекуваните 9,78 милијарди долари од аналитичарите според податоците на „Refinitiv“.

„Од гледна точка на персоналните компјутери сме импресионирани, особено во услови на објавениот недостаток на процесори, проблем кој веќе е добро познат“, коментира Дејвид Рижик, аналитичар во „Susquehanna Financial Group“.

Компанијата „HP“ е втора во светот по продажба на персонални компјутери во третиот квартал, со 22,8% удел на пазарот. Тој е намален од 23,9% во претходниот квартал според компанијата за истражување „IDC“.

„HP“ вели дека приходите од нејзиниот бизнис со принтери се зголемил за 9,1% до 5,30 милијарди долари во кварталот на годишна основа, што е малку под прогнозираните од аналитичарите 5,31 милијарди долари.

Компанијата заврши со купувањето на бизнисот со печатачи на „Samsung Electronics“ за 1,05 милијарди.долари во ноември 2017-та година, како дел од напорите за зајакнување на својот бавен бизнис со принтери и машини за копирање.

„HP3 тврди дека не размислувала за влијанието од ненајавените давачки или од било какви значајни промени во побарувачката, кои можаат да бидат резултат на зајакнувањето на геополитичките неизвесности. Компанијата со седиште во Пало Алто, Калифорнија, соопшти дека ќе ја разгледа можноста за зголемување на цените, за да одговори на царините.

„HP Inc.“ предвидува дека во тековното тромесечје коригираната нејзина добивка ќе изнесува меѓу 50 и 53 центи по акција. Аналитичарите очекуваат профит од 52 центи по акција.

Нето добивката е зголемена до 1,45 милијарди долари, или 91 центи по акција, во четвртиот квартал, кој заврши на 31-ви октомври, од 660 милиони долари, или 39 центи по акција, од пред една година. Ако се исклучат некои елементи, компанијата има заработено по 54 центи по акција, што е во согласност со просечната прогноза на аналитичарите.

Нето приходи се зголемени за 10,3% до 15,37 милијарди долари. Аналитичарите очекуваа просек од 15,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП