3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и Кина подготвуваат договор за замрзнување на царинските давачки до пролет

САД и Кина подготвуваат договор за замрзнување на царинските давачки до пролет

Во обид да се неутрализираат трговските тензии и да се стимулираат пазарите, САД и Кина водат преговори за склучување на договор, во рамките на кое Вашингтон ќе го замрзне барем до пролет воведувањето на нови давачки. Во замена за тоа Пекинг ќе се ангажира со учество во преговорите чија цел е постигнување на значителни промени во економската политика на земјата. Ова е според извори од двете земји цитирани од „Wall Street Journal“.

Според изворите разговорите се водат веќе неколку недели по телефон и се очекува решавачката фаза во нив да биде постигната малку пред средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпин во сабота во рамките на форумот на Г-20 во Буенос Аирес.

Сепак, сè уште не е јасно дали ќе се постигне договор.

Новите преговори, на кои Вашингтон се надева ќе влијаат т.н. „Комерцијална архитектура“ која опфаќа некои од главните барања на САД, вклучувајќи заштита на интелектуалната сопственост, запирање на принуден трансфер на технологии и субвенции за јавните претпријатија. Меѓу темите се предвидени и такви кои не се поврзани со трговијата, како „сајбер-шпионажа“.

Не е познато сепак какви точно се барањата на САД, ниту што се подготвени да прифатат властите во Пекинг. Според кинеските претставници еден од предлозите е во замена за укинување на царините на САД, Кина да се согласи да ги укине ограничувањата за купување на американски земјоделски и енергетски производи.

Склучување на таков договор ќе го следат моделот на договорите кои САД ги постигнаа во последните месеци со Европската унија и Јапонија, посочува претставник на американската администрација. Во рамките на овие договори Вашингтон се согласи да не наметнува нови давачки – во случај на увоз на автомобили, додека земјите преговараат за конечно решавање на проблемот.

Трамп на неколку пати веќе дава контрадикторни сигнали за тоа дали е подготвен да го потпише договорот, а конечната одлука нема да биде донесена пред двајцата лидери да се сретнат.

Пред да замине за Буенос Аирес, тој изјави дека двете земји се наоѓаат „многу блиску“ до постигнување на трговски договор, но додаде: „Не знам дали сакаме да го направиме. Отворен сум кон склучување на договор, но – искрено, на мене ми се допаѓа договорот кој го имаме во моментов“.

Трамп неколкупати укажа дека договорот е можен, иако во понеделникот рече дека е многу малку веројатно САД да го одложат пуштањето на царините врз увозната стока од Кина.

Од своја страна Си Џинпин инсистира за склучување на договор, загрижен од тоа дека долготрајната трговска војна може да го забави растот на бруто домашниот производ на земјата со повеќе од еден процентен поен. Претседателот, исто така, се обидува да се заштити од политиките кои и помогнаа на Кина во последните 40 години да стане втората по големина светска економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП