4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа време на викендот делови од Скопје без струја

За време на викендот делови од Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат во текот на викендот ќе останат повеќе делови од Скопје.

Имено како што соопштуваат на 1 декември, сабота во период од 08:30 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од улица Стив Наумов, Тетовска, Јосиф Јосифовски-Свештарот, Славе Ѓорѓиев и дел од булевар Кочо Рацин, поточно објектите на Центарот за социjално и здравствено сигурување, Црвениот Крст и околнината во општина Центар.

Понатаму на 2 декември в недела безз струја во период од 07:50 до 18:20 часот ќе бидат корисниците од дел од булевар Киро Глигоров поточно објектите на Бриколаж, Нептун, Бонум, поранешна кланица Годел, Бетон Скрепер, Поранешен магацин Славија и други во општина Гази Баба.

Додека на 3 декември или понеделник во период од 09:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од подулица број 73 во село Волково во општина Карпош, како и корисниците од булевар Теодосиј Гологанов број 15 и околните објекти, исто така во општина Карпош и тоа во период од 10:00 до 14:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП