20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНастинката го слабее срцето

Настинката го слабее срцето

Многумина не ги сфаќаат сериозно настинката и респираторните инфекции предизвикани од вируси, но овие состојби може да доведат до сериозни болести: развој на ревматска треска, влошување на алергијата, слабеење на срцето…

Настинката во комбинација со слаб имунитет како по правило значи појава на бактерии. Тие се главната причина што обично вирусно воспаление може да се комплицира и да се добие инфекција на увото, хронично синусно воспаление, продолжена кашлица, пневмонија.

Професор Петар Оташевиќ, кардиолог на Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ во Белград, вели дека респираторните инфекции, а пред сè, грипот, неколкупати ја зголемуваат опасноста од појава на срцева слабост.

Ако симптомите продолжат и по три-четири дена или ако се влошат во смисла на тешкотии при дишењето, болка во градите или папсаност, потребна е лекарска помош, вели д-р Оташевиќ. „Знаци што покажуваат значителни оштетувања на срцето се болка во градите, неправилно чукање на срцето, слабост, отекување на нозете или неспособност да се лежи на рамно. Доколку одредено сериозно воспаление на срцето не е откриено навреме и не се лекува на соодветен начин, доаѓа до трајно оштетување на срцето во смисла на хронична срцева слабост, па дури и фатален исход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП