6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува Самитот на Г20 во Буенос Аирес

Започнува Самитот на Г20 во Буенос Аирес

Во Буенос Аирес се собираат државите и владите на дваесетте највлијателни сили на планетата – 19 држави и Европската унија, кои заедно произведуваат 85 проценти од бруто домашниот производ на светот.

Повеќе од 22.000 аргентински полицајци ќе го обезбедуваат настанот, откако пред една година во Хамбург средбата на Г-20 беше придружена со насилство.

„Водечката точка на агендата е судирот во Азовското Море, каде руските гранични служби запленија три украински воени брода“, тврди Франсоа Аисбур, експерт од Фондацијата за стратегиски истражувања во Париз.

Потоа Украина, која не членува во Г-20, воведе воена состојба, а американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја откажува планираната билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Во Буенос Аирес Путин ќе се сретне и со европските лидери, кои исто така го осудија за експанзија на конфликтот.

Другиот очекуван разговор ќе биде меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпин.

Во позадина на трговската војна меѓу САД и Кина и зголемувањето на царините, Трамп повторно во понеделникот се закани дека ќе стави дополнителни царини за сите увозни кинески стоки во САД.

Сепак, Трамп вчера изјави дека е можен договор со Кина под одредени услови.

Во Буенос Аирес, прашањето за климата исто така ќе биде засегнато. Се очекува главен бранител на идејата за борба против климатските промени да биде Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон.

Друга важна тема ќе биде нафтата. Саудиска Арабија и Русија, најверојатно, ќе го намалат производството за да ја надоместат амортизацијата на нафтата на светскиот пазар.

Ако Саудиска Арабија преземе слични дејствија, саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман може да ги влоши односите со Доналд Трамп, за кого е важно САД да купуваат нафта по ниска цена.

Во Г-20 се: Австралија, Аргентина, Бразил, Велика Британија, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Канада, Кина, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, САД, Турција, Франција, Јужна Кореја, Јужна Африка, Јапонија и Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП