24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранкфурт очекува префрлување на 750 до 800 милијарди евра од Лондон

Франкфурт очекува префрлување на 750 до 800 милијарди евра од Лондон

Банките во Франкфурт очекуваат да префрлат 750 до 800 милијарди евра средства поради излезот на Велика Британија од Европската Унија, објави во четвртокот градското лобистичко здружение „Франкфурт маин финанс“.

Поголемиот дел од средствата ќе бидат префрлени во првиот квартал од 2019 година, а процесот треба да продолжи потоа, изјави извршниот директор на ФМФ, Хубертус Вахт.

Во моментов вредноста на франкфуртските банки изнесува 3.500 милијарди евра.

Од 37 финансиски институции кои поднеле барање до Европската централна банка (ЕЦБ) за нови или посеопфатни дозволи за банковно работење, 30 од нив го избрале Франкфурт за свое европско седиште.

Околу шест од нив го избраа своето седиште во друга европска земја, но паралелно го зголемија обемот на бизнисот во Франкфурт, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП