20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадските власти апелираат да се почитува забраната за доставување стока во центарот...

Градските власти апелираат да се почитува забраната за доставување стока во центарот на Скопје

Градот Скопје преку соопштение апелира до стопанските субјекти да ја почитуваат забраната за запирање на возилата за доставување стока во централното подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.

„Советот на Град Скопје на седницата одржана на 19 март годинава како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот во градот ја усвои одлуката за изменување и дополнување на одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје“, информираат градските власти.

Додаваат дека со оваа одлука трајно се забранува запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП