18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиколовски: Субвенциите за оризот беа зголемени за 300 отсто, создаваме услови за...

Николовски: Субвенциите за оризот беа зголемени за 300 отсто, создаваме услови за стабилен пласман и повисоки приходи

Оризот има економско, социјално и трговско значење за нашата земја и затоа идните политики на Владата ќе бидат во насока на унапредување и зголемување на производството, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната работилница „Градење на институционални капацитети за конвенционално и органско производство на ориз“.

Николовски истакна дека оризот како земјоделска култура во Програмата за финансиска поддршка зазема посебно место, пред сè, како што рече, поради традиционалните вредности и долгогодишното производство, како и неговата улога за развој на руралната економија и извозно препознатливиот бренд во регионот.

„Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, субвенцијата со користење на сертифициран семенски материјал е 12.000 денари по хектар, а за без семенски материјал е 6.000 денари. За 20 отсто е зголемена субвенцијата за растително производство вклучително и за оризот за земјоделците со развоен капацитет. Конкретно, за оние кои имаат површини од 5 до 50 хектари, субвенцијата изнесува 14.400 денари по хектар за користен сертифициран семенски материјал и 7.200 денари за без семенски материјал. Дополнително олеснителна околност за компаниите откупувачи и извозници на ориз, е што веќе со Србија е потпишан договор кој функционира за признавање на македонскиот сертификат за ГМО, а радиоактивност се испитува на самиот граничен премин“, потенцираше министерот Николовски.

Тој посочи дека во првата година од неговиот мандат за 300 отсто биле зголемени субвенциите за оризот, а како дел од системските мерки што ќе се преземаат за развивање на производството на ориз е и поддршката за Институтот за ориз во Кочани, за што преку Програмата за рурален развој е предвидена финансиска поддршка.

На денешната работилница, организациски и финансиски поддржана од Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија-ТАЕКС, присуствуваа претставници од Делегацијата на Европската Унија во земјава, експерти од Република Италија, Република Грција и Република Бугарија, домашни експерти и претставници од МЗШВ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП