
Штетата од есенските шумски пожари во Калифорнија, осигурителните компании ќе ги чини повеќе од 10 милијарди долари, оцени германската компанија „Минхен Ре“.


Штетата од есенските шумски пожари во Калифорнија, осигурителните компании ќе ги чини повеќе од 10 милијарди долари, оцени германската компанија „Минхен Ре“.
Според проценките, штетата изнесува помеѓу 10 и 15 милијарди долари, изјави Јоаким Венинг, директор на германскиот осигурителен гигант.
Американската компанија „РМС“ на 19 ноември процени дека штетите во Калифорнија се движат од 10 до 13 милијарди долари.