1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоголема соработка на јавните служби за вработување во ЕУ со цел намалување...

Поголема соработка на јавните служби за вработување во ЕУ со цел намалување на невработеноста

nevraboteni4

Европската комисија во понеделникот предложи план за подобра соработка меѓу јавните служби за вработување во земјите-членки, со цел да им помогне на невработените полесно да дојдат до работа на единствениот европски пазар.

„Јавните служби за вработување имаат клучна улога во помошта за вработување на 26 милиони невработени лица во Европа. Затоа, Европската комисија предложи мерки со кои на јавните служби ќе им се помогне максимално да ја зголемат својата ефикасност преку поблиска соработка’, изјави комесарот за вработување и социјална политика Ласло Андор.

Преку подобра соработка на јавните служби односно Заводот за невработени лица, лицата со посебни вештини полесно ќе дојдат до работодавецот на кој му е потребно такво лице. И покрај рекордно високата нвработеност, во Европската унија во моментов има 1,7 милиони непополнети работни места.

„Овој предлог нема преку ноќ да го реши проблемот со невработеноста“, изјави Андор.

Предлогот на Европската Комисија е доставен до Советот на ЕУ и Европскиот парламент, а целта е да почне да се спроведува на почетокот на следната година. Според тој предлог, секоја земја-членка ќе именува по еден претставник во Управниот одбор на јавните служби за вработување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП