20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот премиер понуди средба со демонстрантите

Францускиот премиер понуди средба со демонстрантите

Францускиот премиер, Едуард Филип, понуди да се состане со членовите од движењата кои веќе неколку дена ги блокираат патиштата поради покачувањето на цените на горивото.

Ширум Франција веќе со денови се организираат протести.

Тој за телевизијата БФМ изјави дека демонстрантите во жолтите елеци секојдневно говорат за одредени проблеми и тие работи според него треба да се слушнат.

На проетстите во Франција досега има голем број повредени, меѓу кои има и припадници на полицијата, а има и загинати.

Протестите во споредба со оние кое се одржуваа минатата недела, последниве денови на некои места беа насилни. Францускиот претседател, Емануел Макрон, го осуди насилството од демонстрантите, наведувајќи дека во републиката нема место за такво насилство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП